Онлајн фудбал менаџер игра

Воведно видео

Онлајн фудбал менаџер

Trophy Manager е фудбал менаџер каде што вие имате контрола врз вашиот интернет базиран фудбалски клуб. Низ менаџерската кариера треба да ги контролирате финансиите, тактиката за натпреварите и да купувате играчи. Ќе се приклучите на еден онлајн свет со многу други клубови контролирани исто така од луѓе, натпреварувајќи се во националното првенство (Премиер Лига стил), националниот куп или Лигата на Шампиони. Ако имате желба да станете селектор на репрезентација, на секои 2 сезони се оддржува избор, па можеби токму вие ќе ја однесете сопствената земја на светското првенство и ќе ги преземете заслугите и славата помеѓу останатите играчи.

Играта е бесплатна да се игра и распоредот е фиксен. Во текот на неделата се играат три лига натпревари. Исто така се добива и извештај за тренингот на вашите играчи кој пак можете да го прилагодите за секој играч посебно со цел да се подобри таму каде што е најпотребно. Дали како клуб ќе се фокусирате на развој на млади играчи, или можеби ќе сакате постари и поискусни останува на вас.

Во менаџирањето на тимот ќе наидете на многу предизвици. Можете ли да го оддржите буџетот? Можете ли да скаутирате играчи кои ќе се развијат во следниот Меси, Руни, Роналдо? Можете ли да се носите со повредите и казните поради картони кои ќе ги добијат вашите играчи? Оваа игра го носи менаџирањето на ултимативен тест пред сите играчи - бидејќи ќе се соочите со реални играчи, само вашиот талент и менаџерски способности ќе бидат пресудни за успехот.

Нашиот симулатор на натпревари е најнапреден во однос на останатите интернет базирани фудбалски менаџери и најреален. Можете да го следите натпреварот во живо (90 минути + продолженија), или само да се најавите подоцна и да прегледате снимка или само извештај од натпреварот. Само одберете ја земјата во која сакате вашиот тим да се натпреварува и веќе сте спремни. Вашиот тим ќе биде моментално направен, без никакви додатни одлагања. Бесплатнно е да се зачлените и се што ви треба е интернет прелистувач на вашиот компјутер. Ништо друго не е потребно за преземање.

Изгледи

  • English
  • Español
  • Deutsch
  • Français
  • Italiano
  • Português (Brasil)
  • العربية
  • Chinese (Si)
  • Повеќе »
Одјави се 05:56:53
Trophy Manager е креиран од Trophy Games A/S и TM заедницата 2006-2025